ПРОЕКТ – ПАТУВАЊЕ НИЗ КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО

                                                    Проект

Патување низ културното наследство

1.Вовед

Како проект ја задоволува потребата од истражување и сознанија за светот кој ги опкружува децата, нивната желба за нешто поинакво и ново што ќе ги поврзе со светот на игрите од детството на нивните родители при што ќе се создадат услови за хармоничен однос со околината. Практикување на традиционалните игри го поттикнува холистички и хармоничен развој кај децата.

Главна цел на проектот:Да се поттикнува детето да стекнува нови знаења,навики,вештини за традицијата,културата на која припаѓа и да ја развива љубовта и почитта кон својата татковина.

2.Цел на проектот

-Да се развива чувсрво на постоење на културна и јазична различност.

– да се развива способност за стекнување и користење нови информации.

-Да се поттикнува да усвојува норми и обичаи во различни средини и ситуации.

– да се охрабрува за изразување на креативност низ процесот на учење и развој.

– да се запознавват своите способности и можности за движење.

– да се развива способност за започнување на одредени активности и истрајности во реализација до нејзино завршување.

– Да се развива способност за поставување прашање со цел да добие одговор за нештата кои не се јасни.

– Да се развива способност за стекнување знаења за средината и опкружувањето.

  -Да се поддржуваат децата кога пројавува иницијатива и интерес за стекнување на нови знаењаи вештини.

3.Целна група

Во проектот се вклучени :

-Деца од 2-6 годишна возраст.

-Воспитно –згрижувачки кадар.

-Стручни соработници и соработници.

-Родители.

4.Време на реализација

-Септември (8 ми Септември –Ден на независноста)-Изработка на знаме ;техника мозаик

-Октомври

*Ден на востанието-Посета на могилата на непобедените

*Изработка на традиционални рецепти

-Декември (новогодишни изработки)

-Јануари (традиционални божиќни колачиња,изработка на бадникови подароци,Василичарски мазник со паричка)

-Февруари(игри со традиционални ора ,песни и инструменти)

-Април(традиционално боење на јајца,засадување на пченица), Посета на историското Крушево-дечињата од нашата градинка подарија книга на дечињата во Крушево(2 Април  меѓународен ден на книгата).

5.Очекувани резултати

-Поставување прашања од децата и добивање одговори кога нешто не им е јасно или за нешто што ги интересира да добијат одговор.

-Децата користат неколку начини на искажување на сопствените  мисли,чувства и искуства.

-Детето со свои зборови ја искажува љубовта кон традицијата.

-Се запознава со народниот фолклор,културата,и да се оспособи за доживување на македонската музика.

-Да се поттикне и да ја користи фината моторика на раката и да развива способност за препознавање и именување на боите на знамето.

-Детето умее да наброи неколку обичаи кои се практикуваат во семејството.

-Да се запознаат децата со традицијата односно традиционалната кујна во интеракција со возрасни

-Да се оспособува детето да го држи тестото со двете дланки за да може да развлекува и формира фигури од истото

-Да се запознаат со државните симболи знаме и химна

Да се поттикнув и да се развива чувство на љубов и почит кон нашата татковина.

6.Планирани активности

-Боите на знамето (мозаик) –Септември

– Ден на востанието-Посета на могилата на непобедените

*Изработка на традиционални рецепти

-Правиме зимница-работилница и продажба-Октомври

– Новогодишни изработки-Декември

– Традиционални божиќни колачиња,изработка на бадникови подароци,Василичарски мазник со паричка-Јануари

-Подвижна игра- игри со традиционални ора ,песни и инструменти-Февруари

-Посета на историското Крушево-дечињата од нашата градинка подарија книга на дечињата во Крушево(2 Април  меѓународен ден на книгата).

–  Традиционално боење на јајца,засадување на пченица)-Април

7.Соработка со родителите

-Запознавање на родителите со целите,активностите,содржините во рамките на проектот  “Патување низ културното наследство”.

-Активно учество на родителите во подготовка и реализација на работилница.

-Вклучување на родителите со предлози и идеи за реализирење на активностите.

.