Проекти за 2024/25 година
- “ПАТУВАЊЕ НИЗ КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО”
Вовед
Како проект ја задоволува потребата од истражување и сознанија за светот кој ги опкружува децата, нивната желба за нешто поинакво и ново што ќе ги поврзе со светот на игрите од детството на нивните родители при што ќе се создадат услови за хармоничен однос со околината. Практикување на традиционалните игри го поттикнува холистички и хармоничен развој кај децата.
Главна цел на проектот
Да се поттикнува детето да стекнува нови знаења,навики,вештини за традицијата,културата на која припаѓа и да ја развива љубовта и почитта кон својата татковина.
Цел на проектот
- Да се развива чувство на постоење на културна и јазична различност.
- Да се развива способност за стекнување и користење нови информации.
- Да се поттикнува да усвојува норми и обичаи во различни средини и ситуации.
- Да се охрабрува за изразување на креативност низ процесот на учење и развој.
- Да се запознавват своите способности и можности за движење.
- Да се развива способност за започнување на одредени активности и истрајности во реализација до нејзино завршување.
- Да се развива способност за поставување прашање со цел да добие одговор за нештата кои не се јасни.
- Да се развива способност за стекнување знаења за средината и опкружувањето.
- Да се поддржуваат децата кога пројавува иницијатива и интерес за стекнување на нови знаења и вештини.
Целна група
Во проектот се вклучени:
- Деца од 2-6 годишна возраст.
- Воспитно –згрижувачки кадар.
- Стручни соработници и соработници.
- Родители.
Планирани активност
- Боите на знамето (мозаик) –Септември
- Ден на востанието-Посета на могилата на непобедените
- Изработка на традиционални рецепти
- Правиме зимница-работилница и продажба-Октомври
- Новогодишни изработки-Декември
- Традиционални божиќни колачиња,изработка на бадникови подароци,Василичарски мазник со паричка-Јануари
- Подвижна игра- игри со традиционални ора ,песни и инструменти-Февруари
- Посета на историското Крушево-дечињата од нашата градинка подарија книга на дечињата во Крушево(2 Април меѓународен ден на книгата).
- Традиционално боење на јајца,засадување на пченица)-Април
Очекувани резултати
- Поставување прашања од децата и добивање одговори кога нешто не им е јасно или за нешто што ги интересира да добијат одговор.
- Децата користат неколку начини на искажување на сопствените мисли,чувства и искуства.
- Детето со свои зборови ја искажува љубовта кон традицијата.
- Се запознава со народниот фолклор,културата,и да се оспособи за доживување на македонската музика.
- Да се поттикне и да ја користи фината моторика на раката и да развива способност за препознавање и именување на боите на знамето.
- Детето умее да наброи неколку обичаи кои се практикуваат во семејството.
- Да се запознаат децата со традицијата односно традиционалната кујна во интеракција со возрасни.
- Да се оспособува детето да го држи тестото со двете дланки за да може да развлекува и формира фигури од истотоДа се запознаат со државните симболи знаме и химна.
- Да се поттикнув и да се развива чувство на љубов и почит кон нашата татковина.
Време на реализација
- Септември (8 ми Септември –Ден на независноста)
*Изработка на знаме -техника мозаик
- Октомври
*Ден на востанието-Посета на могилата на непобедените
*Изработка на традиционални рецепти
*Декември (новогодишни изработки)
- Јануари (традиционални божиќни колачиња,изработка на бадникови подароци,Василичарски мазник со паричка)
- Февруари(игри со традиционални ора ,песни и инструменти)
- Април(традиционално боење на јајца,засадување на пченица), Посета на историското Крушево-дечињата од нашата градинка подарија книга на дечињата во Крушево(2 Април- Меѓународен ден на книгата).
Соработка со родителите
- Запознавање на родителите со целите,активностите,содржините во рамките на проектот “Патување низ културното наследство”.
- Активно учество на родителите во подготовка и реализација на работилница.
- Вклучување на родителите со предлози и идеи за реализирење на активностите.
- “Еко градинка”
Вовед
Со овој проект се врши едукација на децата од предучилишна возраст,за бенефитот од селектирањето на отпадоци и негово рециклирање.Иницијативата за овај проект е општа култура на новите генерации во знаење дека животната средина е клучна предност која треба да биде заштитена.Здравиот начин и свеста за проблемите на животнатаб средина за кои треба да сугерираме за поголемо внимание и почитување на правилата за зажтита на светот и неговите ресурси
Главна цел на проектот:
Да ги научат децата основните правила за правилно селектирање на одпад и зачувување на животната средина.
Цел на проектот
- Да им нуди на децата добри животни навики.
- Лична одговорност за заштита на животната средина.
- Правилно рециклирање на отпад.
- Да се намали обемот на мешан отпад.
Целна група
Во проектот се вклучени:
- Деца од 2-6 годишна возраст;
- Воспитно-згрижувачки кадар;
- Стручни соработници;
- Родители.
Планирани активности
- Симулациски игри за сепарирање отпад.
- Изработка на предмети од материјали за рециклирање.
- Собирање на рециклирачки отпад.
- Селектирање на одпад во соодветни корпи означени со симболи
Очекувани резултати
- Детето препознава дел од материјалите за рециклирање.
- Детето поставува прашање кога нешто не му е јасно.
- Детето користи неколку начини за искажуване на сопствените,мисли,чувства и искуства.
- Детето покажува интерес за нови знаења.
- Детето појавува интерес за изучување на животната средина.
- Детето своето искуство го пренесува и на другите деца.
Време на реализација
- Месец октомври (запознавање со поимот рециклирање и неговите придобивки за средината во која живееме)
- Месец ноември(симулациски игри за рециклирање).
- Месец декември(изработка на украси од рециклирачки материјали).
- Урасување и боење на стаклен амбалаж(шишиња,тегла)
- Месец март(изработка на печати од рециклирани материјали).
- Печати од пластичен материјал(шишиња).
- Месец мај(собирање на рециклирачки материјали).
- Во текот на целиот проек децата ќе учат да селектираат одпад во соодветни корпи означени со симболи.
Соработка со родителите
За спроведување на проектот потребни се материјали за рециклирање кои треба да бидат обезбедени од страна на родителите:
- Капачиња од шишиња.
- Пластични шишиња.
- Стаклени шишиња
- Хартија
- Јавни манифестации
Програмата за рано учење и развој покрај редовните активности ќе се насочи и кон реализација на активности поврзани со обележување на јавно културни и организирани манифестаци. Планираните активности во рамките на јавната и културна дејност ќе се реализираат на ниво на група, групи, работни единици на ниво на градинката и вон градинката. Воспитно-образовната програма ќе се збогати со облежување на празници, прослави, претстави, посети во различни институции и сл.
|
МЕСЕЦИ |
ЗНАЧАЈНИ ПРАЗНИЦИ И СВЕЧЕНОСТИ |
|
СЕПТЕМВРИ
|
8-ми “Ден на независноста на РСМ”
9-ти “Ден на бабите и дедовците” 12-ти “Ден на забите” 14-ти Роденден на градинката “ЈАГОТКА” с.Обршани 22-ри “Ден без автомобили” 26-ти “Ден на чистите планини” (посета на излетничко место и сликање на пиродата) |
|
ОКТОМВРИ
|
НЕДЕЛА НА ДЕТЕТО
4-ти “Светски ден на животните”- посета на могилата 5-ти “Ден на учителот” ( Посета на основните училишта ) 11-ти “Ден на востанието на РСМ” 15-ти “Светски ден на чистите раце” 16-ти “Светски ден на храната” 22-ри “Светски ден на јаболкото” 31-ви “Светски ден на штедењето”-соработка со банка |
|
НОЕМВРИ
|
4-ти Роденден на градинката (љубилеен роденден 10 години)
13-ти “Ден на љубезноста” (посета на пазар)
|
|
ДЕКЕМВРИ
|
3-ти “Меѓународен ден на лицата со попреченост” 8-ми Ден на Св.”Климент Охридски” |
|
ЈАНУАРИ
|
Верски празници и тоа: Божик, Бадник, Василица, Коледе, Водици 18-ти “Светски ден на снешкото” |
|
ФЕВРУАРИ
|
11-ти “Ден на болните”
14-ти “Ден на грозјето” 17-ти Прочка “Прочка”- си простуваме и секому убав збор даруваме. 21-ви “Меѓународен ден на мајчиниот јазик” 28-ми “Светски ден на ретките болести”- шарени рачиња
|
|
МАРТ
|
1-ви Мартинки
8-ми “Ден на мајката” 19-ти “Светски ден на ластовиците” 20-ти “Светски ден на среќата” 21-ви “Ден на пролетта, екологијата, шумите” (уредување на дворот, засадување цветни насади, сеење семе во градината, еко пораки) 21- ЌСветски ден на лицата со Даунов СиндромЌ 22-ри “Светски ден на водата” 27-ми “Светски ден на театарот” (посета на театарска представа) |
|
АПРИЛ
|
1-ви “Ден на шегата” 2-ри “Меѓународен ден на книгата за деца”- Посета на историско Крушево 7-ми “Светски ден на здравјето” 8-ми Работилница за Велигден Велигденски базар 22-ри “Ден на планетата земја” 29-ти “Ден на танцувањето” |
|
МАЈ
|
3-ти “Ден на сонцето”
4-ти “Меѓународен ден на пожарникарите” 5-ти “Ден на макединската азбука” 7-ми “Ден на македонската полиција” 15-ти “Ден на семејството”-хуманитарна акција 24-ти “Ден на Македонските просветители” 28-ми “Ден на пеперутките”- Шарени пеперутки |
|
ЈУНИ
|
1-ви “Меѓународен ден на децата”
8-ми “Светски ден на океаните” 8-ми “Светски ден на најхрабрите другари” 15-ти “Меѓународен ден таткото” 21-ви “Светски ден на музиката” |
|
ЈУЛИ/ АВГУСТ
|
Реализацја на летна рекреативна програма -Игри во песок -Рекреативни игри во двор -Креативни игри |
- Манифестаци посветени на детето
Манифестаци посветени на децата се: “Светски ден на детето”(е првиот понеделник од месец октомври), “Детска недела”(се одржува секоја година во првата полна недела од месец октомври) и “Ден на детето” (се одржува последниот ден од “Детската недела”).

