ЗА РОДИТЕЛИТЕ

Меѓусебната соработка на семејството и градинката е значајна компонента во процесот на воспитанието и развојот на детската личност. Соработката со родителите е од големо значање за остварување на задачите и целите на воспитно-образовната работа и остварување на интересите на детето. Семејството заедно со градинката ја носи одговорноста за процесот на донесување на одлуки во образованието и воспитанието на детето. Соработката допридонесува за развој на детето, унапредување на работата на воспитувачите и развивање на родителската улога.

! Почитувањето и разбирањето помеѓу родителите и градинката е најважна компонента во процесот на воспитување и развој на детската личност.

 

Исто така соработката со семејството е важна за обезбедување на правилен и оптимален развој на детето и во оваа воспитна година ќе се има за цел да се поттикнуваат родителите за активно вклучување во реализација на воспитно-образовната дејност.

 

Соработката со родителите ќе се реализира преку следните форми:

  • Електронска комуникација со родителите;
  • Интернет група со родителите за разговори и соопштенија;
  • Родителски средби на индивидуална и групно ниво;
  • Индивидуални, секојдневни разговори;
  • Информирање на родителите преку огласна табла, соопштенија и сл;
  • Активно вклучување на родителите во реализација на програмата и проектите за воспитната 2024/25 година;
  • Насочување на родителите за користење на поддршка на надворешни стручни институции;
  • Советување на родителите за одредени проблематики во развојот и воспитувањето на детето;
  • Вклучување на родителите во јавни маниестации, работилници и други креативни организаци.

Градинката останува отворена за соработка со родителите кои се добредојдени да ги споделат нивните идеи и иницијативи со кои би придонеле за унапредување на дејноста.    Својот придонес родителите можат да го дадат и преку учество во Советот на родители на градинката.

 

  1. СОВЕТ НА РОДИТЕЛИ

Советот на родители е орган именуван согласно Законот за заштита на децата и Статутот на детската градинка, а го сочинуваат претставници од родителите чии деца престојуваат во градинката. Советот на родители дава свој придонес во активностите за унапредување на дејноста преку давање на свои предлози, мислења и вклучување во следните активности:

  • Ја следи, разгледува и дава мислење за остварување на дејноста на установата;
  • Ги разгледува и дава мислење за Годишните програми за работа;
  • Учествува во донесување на интерни одлуки, поврзани со градинката;
  • Се вклучува во работа на органот на управување, Управниот одбор на градинката со еден претставник;
  • Остварува контакти со други институции, со цел за помош на градинката;
  • Се ангажира во изнаоѓање средства, донации за подобрување на условите за престој на градинката и
  • Придонесуваат со своите предлози и мислења за напредок и успех на градинката.