Весело Штркче !!!



Воспитно-образовната и згрижувачка дејност на децата од предучилишна возраст (2-6 години) во Јавната општинска установа за деца-Детска градинка “ВЕСЕЛО ШТРКЧЕ”, Кривогаштани,општина Кривогаштани во текот на 2023/2024 година се реализираше преку соодветно планирање, програмирање, евидентирање и евалуирање на работата.

Раните години се темелот врз кој се градат отворените општества, тие нудат уникатна можност за обликување поздрави и попросперитетни, стабилни и парципативни општества.

Основната дејност-згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст се реализираше преку згрижување, престој, нега, исхрана, воспитание, образование, спортско-рекреативни, културно-забавни активности, мерки и активности за подобрување и зачувувана здравјето на интелектуалниот, емоционалниот, физичкиот, менталниот и социјалниразвој на детето, создавање на поквалитетни услови за престојна деца од 2 години до 6 годишна возраст односно до вклучување во основно образование.

Основната цел на работатат на Детската градинка “ВЕСЕЛО ШТРКЧЕ”, Кривогаштани е да реализира програми и активности кои ќе им помогнат на децата да ги достигнат своите целосни потенцијали.

 

Годишниот извештај е подготвен согласно законски регулативи и прописи.

Преку извештајот ќе ги представиме сите активности кои биле предвидени во Годишната програма за учебната 2023/24 година и кои биле реализирани.